СДСМ: Мицкоски е поголем лажго и од Груевски

Политиканството и партискиот маркетинг за Мицкоски се поважни од здравјето на граѓаните. Мицкоски е поголем лажго и од Никола Груевски, излегува на прес конференции за да не каже ништо, го интересира само неговата партиска фотелја, велат од СДСМ.

„Во време кога целиот свет, целата држава и сите институции беспоштедно се борат против коронавирусот, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се впрегнати во дневна политика полна со лажни вести, невистини и празни обвинување. Очајнички обиди да добијат политички поен на маката на граѓаните и државата. Таквото несериозно, неодговорно и срамно однесување е невидено во домашната но и светската политика“, истакнуваат од СДСМ.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе