СДСМ: Мицкоски е неодговорен и работи против здравјето на граѓаните

Мицкоски е неодговорен и работи против здравјето на граѓаните, лажеше дека обезбедил помош од Словенија, лажеше дека немало доволно тестови за коронавирус, велат од СДСМ.

„И во најголемата здравствена криза Христијан Мицкоски продолжува да шири политикантство и дезинформации, да работи против интересите на државата и здравјето на граѓаните.

Додека целата држава, институциите, граѓаните, службениците, сите бескомпромисно се борат против коронавирусот, фрустрираниот Мицкоски очајно шири лажни вести и неоснована паника.

Мицкоски лажеше дека нема доволно тестови за коронавирусот, а таа безобразна невистина на Мицкоски е демантирана и од надлежното Министерство за здравство.

Во државата има доволен број на тестови, над 4.500 тестови има само во Институтот за јавно здравје и дополнителни количини во приватни клиники.

Мицкоски јавно се пофали дека лично тој успеал да обезбеди помош од Словенија за справување со коронавирусот а подоцна повторно беше демантиран и тоа од страна на Миистерството за одбрана на Словенија кое обајави дека помошта за нашата земја е обезбедена преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ.

Не е точно ниту дека ќе се намалат пензиите како што јавно лаже Мицкоски. Со економските мерки на Владата кои се преземаат се спасуваат 250.000 работни места, се обезбедува основен приход на граѓаните и се гарантира исплата на сите пензии и социјални трансфери“, истакнуваат од СДСМ.

 

 

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе