среда, 24 април 2024

Европската комисија подготвува нов пакет санкции против Русија

Европската комисија планира санкции против околу 40 компании чии бродови наводно испорачуваат оружје од Северна Кореја во Русија и чии товарни бродови, таканаречените „флоти од сенка“, транспортираат руска нафта надвор од зоната каде што земјите од Г7 воведуваат ценовни ограничувања, пишува Ројтерс, повикувајќи се на извори во ЕУ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Доколку се усвојат предложените санкции, тоа ќе биде 14-ти пакет санкции на ЕУ против Москва од почетокот на војната и ќе ги вклучи руските компании што испорачуваат оружје на државата и странските компании што на Русија ѝ продаваа електроника, полупроводници и чипови што ги користи руската војска.

Тие странски компании од Обединетите Арапски Емирати, Киргистан, Турција и Кина ѝ продаваа на Русија опрема со потекло од Америка и ЕУ.

Извори од ЕУ за Ројтерс рекле дека ЕК одржува неформални разговори за новиот пакет санкции пред да ги претстави пред Европскиот совет.

Америка во февруари објави дека Северна Кореја од септември минатата година испорачала повеќе од 10.000 контејнери со муниција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ