СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници: Илиевски во Куманово, Герасимовски во Центар...

„Со последните одлуки на Извршниот одбор, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, заедно со граѓаните, ја заокружи најдобрата кадровска понуда со која излегуваме пред граѓаните на локалните избори на 17 октомври. Утврдивме нови, дополнителни кандидати за градоначалници во 18 општини со кои одиме на нова победа на СДСМ на локалните избори. Денеска објавивме 17 од нив, додека кандидатот за градоначалник на Кочани ќе биде објавен во следните денови“, истакна генералниот секретар на СДСМ, Александар Николовски.

 

„Ќе започнам од бастионот на СДСМ, победничко Куманово. Во општината каде актуелниот градоначалник самиот си отиде против себе, против граѓаните и против СДСМ, со што и самиот се исклучи од партијата, одиме на победа со Оливер Илиевски.

Илиевски е дипломиран еконимист, директор на ЈП Водостопанство Куманово, секретар на општинската организација на СДСМ која има исуство во менаџмент во јавни и приватни компании, успешен, чесен и народен човек, близок и почитуван од граѓаните.

Да биде јасно, СДСМ во Куманово има еден кандидат, ја има најдобрата понуда за кумановчани а тоа е: Оливер Илиевски.

Ќе продолжам со уште неколку општини каде СДСМ има предност пред ВМРО-ДПМНЕ со над 15% и одиме на сигурна победа.

Во општина Центар, СДСМ оди на победа со Горан Герасимовски. Тој е магистер, менаџер на човечки ресурси, актуелен директор на Државниот завод за индустриска сопствност. Млад, со долгогодишно искуство во приватен и јавен сектор.

Со најдоброто за Центар, СДСМ оди на победа во срцето на главниот град, анкетите покажуваат огромна разлика и поддршка и на СДСМ и на Горан Герасимовски во Центар.

Во општина Ѓорче Петров одиме на втор мандат за актуелниот градоначлник Александар Наумовски. Со голем број реализирани проекти и развој на Ѓорче Петров во изминатите 4 години Наумовски е најдобриот избор за граѓаните.

Кандидат за градоначалник на СДСМ во Битола е Христо Кондовски, еден од најпознатите бизнисмени во оваа општина, успешен човек, менаџер, кој своите познавања и искуство ги става на располагање на граѓаните на Битола.  Човек којшто има широка поддршка и од повеќе политички субјекти и надвор од коалицијата Можеме, анкетите покажуваат сигурна и убедлива победа на Христо Кондовски за Битола и верувам дека менаџерското искуство ќе биде корист за трасирањето на патот каде што Битола понатаму треба да се развива.

Кондовски води на сите можни анкети, во градот и СДСМ има предност пред опонентот ВМРО-ДПМНЕ, што е сигурно една од причините за проблеми во Месниот комитет на опозициската партија и неможноста да состават листа.

Соња Стаменкова е нашата кандидатка со која излегуваме пред граѓаните и бараме втор градоначлнички мандат во Македонска Каменица. Успешна градоначлничка, диплимиран психолог, со огромен број на реализирани проекти. По сите анкети има значителна предност пред канидатот на опзицијата, Македонска Каменица како една од најубавите општини во македонскиот исток, овде гаранираме победа.

Во Шуто Оризари исто така СДСМ оди на победа, кандидат на СДСМ и на граѓаните на Шуто Оризари, иден градоначлник е Асан Ферат, приватен стопанственик, претседател на општинската организација на Шуто Оризари, овде анкетите покажуваат победа уште во првиот изборен круг.

Во Кривогаштани кандидат на СДСМ е Николче Мисовски, дипломиран инженер агроном, успешен стопанственик.

Кандидат на СДСМ за градоначлник во Струга, тоа е Димче Шипинкаровски, диплмиран економист. Долгогодишен стопанственик, добро познат во локалната заедница, човек со 30-годишно работно искуство во приватниот сектор,  со исклучителни менаџерски способности, моментално раководител на подрачната единица на Фондот за здравство во Струга и еден од најзаслужните за реформата за системот на ФЗОМ, со кој беше овозможено рецептите да им бидат достапни на пациентите во текот на целиот месец, а не само во првите неколку дена, исто така тој е и најзаслужен за воведувањето на електронскиот рецепт и поранешен член на Централниот одбор на СДСМ.

Во Гевгелија, кандидат на СДСМ е актуелниот градоначлник Сашко Поцков со којшто бараме уште еден мандат од граѓаните.

Во општина Дебрца кандидат на СДСМ и најдоброто е Игор Крцковски. Тој е дипломиран правник, од Мешеишта, директор на ЈП за комунални дејности кој има објавено и специјалистички труд, добар менаџер, одговорен и чесен човек.

Во Чучер Сандево одиме на победа со Сашко Комненовиќ, дипломиран криминалист на Факултетот за безбедност кој е фаворит на истражувањата.

Актуелниот градоначалник, Живко Силјановски е кандидат на СДСМ за Македонски Брод со којшто одиме на уште една победа за втор мандат.

Пред граѓаните на општина Долнени ја бараме довербата за кандидатот на СДСМ за градоначалник: Аднан Џаферовски. Џаферовски е поранешен директор на Агенцијата за заштита и спасување.

Кандидат на СДСМ за градоначалник на Врапчиште е Џезми Мамути, Дипломиран професор, актуелен директор на приватна фирма.

Во Радовиш СДСМ исто така победува со најдоброто, кандидат со кој излегуваме пред граѓаните е Коле Чаракчиев. Дипломиран електро инженер, актуелен пратеник, со работно искуство во приватен и јавен сектор, анкетите покажуваат предност од 8% на СДСМ во Радовиш, така што носиме победа.

Во мојот роден град, Крива Паланка, СДСМ има огромна предност по сите анкети и истражувања и е сигурен победник уште во првиот круг и пред граѓаните СДСМ го нудиме најдоброто. Крива Паланка во изминатите 4 годии се развива, се гради и напредува како никогаш досега и тоа се рефлектира со силна поддршка од граѓаните.

Кандидат за градоначалник на Крива Паланка од СДСМ е Сашко Митовски. Уште еден млад кандидат, докажан и успешен стопанственик, менаџер во приватниот сектор, дипломиран економист.

Напредокот на Крива Паланка ќе продолжи и во наредните 4 години.

Во победничка Струмица, СДСМ оди на победа со Костадин Костадинов, актуелен пратеник и портпарол на партијата.

Тој беше в.д. градоначлник одреден период, има визија за разој на Струмица и јасно е дека СДСМ со најдоброто победува  уште во првиот круг, со видна разлика пред нашиот опонент кој се уште нема ниту кандидат.

 Сите овие кандидати кои денеска ги објавуваме, како и досега објавените, се дел од најдобрата понуда на СДСМ. Кандидати од народот за народот, блиски до граѓаните, одговорни, чесни, посветени, почитувани во своите средини.

Останува да официјализираме уште 1 канидат, тоа е за градот Кочани каде што сме убеделиви победници и водиме значително пред политичиот противник и оваа одлука ќе биде објавена на 8 септември.

Со вкупно утврдени 69 кандидати кои се дел од најдоброто на СДСМ ја бара довербата од граѓаните и оди на уверлива, силна, јасна победа на локалните избори“, истакна Николовски.

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе