СДСМ: Аферата криминални плацеви води директно до Мицкоски

Криминалиот случај со препродажба на парцели во Делчевско за кои јавноста беше информирана пред локалните избори добива епилог. Поднесени се кривични пријави против седум лица, дел од нив функционери на ВМРО-ДПМНЕ и блиски соработници на Христијан Мицкоски, се вели во партиското соопштение на СДСМ.

„Сите тие се сомничат дека со однапред договорена зделка противправно се стекнале со 1,5 милиони евра.

Аферата криминални плацеви води директно до Мицкоски и Белиот дворец,“ велат од СДСМ.

Тие потенцираат дека надлежните институции мора до крај да го расчистат овој криминал, а одговорните да бидат соодветно санкционирани.

„Денес пред законите сите се еднакви, секој кој сторил какво било криминално дело мора да одговара за своите постапки,“ се вели во соопштението.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе