Претседателот на Европскиот парламент

Сасоли: ЕУ бара начини како да го вклучи Западен Балкан во своите механизми за борба против ковид-19

Претседателот на Еропскиот Парламент Давид Сасоли во одговор на писмото на претседателите на Парламентите од земјите од Западен Балкан, вели дека Европската унија веќе бара начини како да ги вклучи земјите од Западниот Балкан во своите механизми за справување со пандемијата со ковид-19.

„Како претседател на Европскиот парламент, ве уверувам во мојата целосна поддршка за изнаоѓање на најдобри решенија за да бидете заштитени од негативните последици од оваа криза“, пишува Сасоли.

Претседателите на парламентите на Македонија Талат Џафери, на Албанија, Грамоз Ручи, на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ, Денис Звиздиќ, на Народниот дом на Парламентарното собрание на БиХ, Драган Човиќ, на Косово, Вјоса Османи, на Црна Гора, Иван Брајовиќ и на Србија, Маја Гојковиќ на 25 март упатија апел за помош на Западен Балкан во борбата против пандемијата на ковид-19 до претседателот на ЕП Давид Сасоли и до претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лејен.

„Живееме во време на предизвик без преседан, предизвикан од пандемијата COVID-19. Глобалните проблеми не можат да имаат национални решенија и, на многу начини, оваа пандемија на Коронавирус е тест за нашата европска солидарност. Институциите на ЕУ направија добро и претставија еден унитарен фронт во предлагањето на европски решенија – решенија засновани на солидарност и кои се стремат да не ги остават зад себе најранливите земји“, пишува Сасоли во одговорот.

Западен Балкан, според него, е дел од нашето европско семејство и нивната европска определба е несомнена.

„Затоа, целосно се согласувам кога ќе кажете дека сите мерки преземени на европско ниво треба да ги вклучат вашите земји и во најмала рака да не предизвикаат негативни последици врз вашите напори да се справите со пандемијата COVID. Бидете уверени дека ЕУ веќе бара начини да го вклучи вашиот регион во своите механизми за одговор. Како претседател на Европскиот парламент, ве уверувам во мојата целосна поддршка за изнаоѓање на најдобри решенија за да бидете заштитени од негативните последици од оваа криза“, пишува Сасоли.

Добрите пријатели ја покажуваат својата љубов во време на неволја, не само во време на среќа, пишува претседателот на ЕП, нагласувајќи дека ова е време за солидарност и оти нашиот регион треба да биде вклучен.

„Ако останеме обединети, можеме да излеземе посилни од кризата“, наведува во одговорот Сасоли.

Во писмото што го упатија до Сасоли и до претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лејен, претседателите на парламентите бараа поддршка земјите од Западен Балкан да бидат изземени од одлуката за рестрикција на извоз на медицинска опрема од Европската Унија со цел да преку споделување на искуства и снабдување на неопходната опрема и медицински апарати, стане дел од Заедничкиот Европски Одговор во контекст на борбата против ковид-19.

Тие бараат разгледување на вклученоста на регионот на Западен Балкан во ЕУ плус шема на авторизиран извоз, овозможување на регионот на Западен Балкан, доколку е неопходно, да стане дел од Заедничките договори за јавни набавки за медицински противмерки и оттука да учествува во заедничката набавка на медицинска и заштитна опрема за борба против пандемијата со ковид-19 и разгледување на можноста за дозвола на регионот на Западен Балкан да ги пренамени постојните фондови од ИПА за борба против пандемијата на ковид-19, како и користење на сите други фондови достапни од разните ЕУ фондови достапни за оваа намена.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе