Комбинаторики

Само ако Зибери е премиер, Алијанса за Албанците би влегла во владата со ДУИ, вели Таравари

Ако Насер Зибер биде мандатар, Алијанса за Албанците би влегла во новата влада заедно со ДУИ. Во сите други комбинации тие се за ДУИ да оди во опозиција, изјави за Телма, Арбен Таравари од Алијанса за Албанците.

„Формирањето на влада е игра на бројки, нормално, ние сме кажале, ако мандатар е Насер Зибери, ние ќе го поддржиме. Ако не, сите други комбинации кадешто би се нашле со некого со одредени програмски точки и принципи на добро владеење, тука сме да помогнеме и доколку можеме да направиме 61 пратеник без ДУИ“, рече Таравари.

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, пак, претходно во интервју за Канал 5 рече дека нема да бидат дел од влада во која е и ДУИ, но додаде дека не може да влезат во преговори без нивниот коалициски партнер Алијанса за Албанците.

Според Гаши, за нив е важно формирањето на Владата да биде засновано на легитимитет, а поради исходот од изборите, им дозволиле на ДУИ да преговараат за Влада. Тој смета дека ДУИ нема да отстапи од своето барање за премиер на државата да биде Албанец.

„На изборите, во албанскиот дел зборувам, имаше два концепти. Првиот беше за премиер Албанец, а вториот беше – држава за сите. Ние направивме програма, излеговме пред граѓаните со нашата понуда. Ние тогаш кажавме дека тоа е маркетиншки трик и дека тоа е неизводливо сега во моментов и не само што не е изводливо, туку и не е некој голем интерес на Албанците“, рече Гаши и додаде дека очекува понуда за бидат дел од Владата доколку ДУИ не успее со премиерот Албанец.

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе