Поради изборите за градоначалник

Саботата неработен ден за жителите на Тетово, Маврово-Ростуше и Центар Жупа

Владата на денешната седница донесе заклучок  сабота, 20 август, да биде неработен ден за граѓаните во општините Тетово, Маврово и Ростуше и Центар Жупа поради одржување на избор за градоначалници во Маврово и Ростуше и Центар Жупа, како и избори на членови на Советот на Општина Тетово.

Изборите во Тетово се одржуваат откако пролетоска се распушти Советот на Општината бидејќи во законскиот рок не беше донесена завршната сметка.

Во Маврово-Ростуше и Центар Жупа се повторуваат изборите за градоначалници бидејќи во изминатите избори немаше доволен број на излезени гласачи за да биде избран градоначалник, односно излезноста беше помала од една третина од бројот на запишани гласачи во Избирачкиот список. Во овие две општини голем број жители се иселени или се наоѓаат на привремена работа во странство.

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе