КАКО ОДГОВОР НА ТВИТ НА НИКОЛА ДИМИТРОВ

Рорабакер: Македонија нека се подели како Чехословачка

„Ако македонските народи не можат да се согласуваат, нека се поделат како Чесите и Словаците“, напиша Дејна Рорабакер вчера на Твитер, одговарајќи му на поранешниот македонски амбасадор во САД Никола Димитров.

„Како да го дестабилизирате Балканот? Повикајте на менување на границите... А да покажевте малку основна пристојност, интегритет и одговорност?“, напиша Димитров во порака до Рорабакер.

„Велите дека Балканот е стабилен? Јас само им сугерирав на македонските народи... ако не можат да се согласуваат, нека го следат примерот на Чесите и Словаците“, му одговори Рорабакер.

„Не дека ние немаме проблеми, но сугерирањето на менување на границите е рецепт за катастрофа - тоа не може да се направи мирно“, возврати Димитров.

Републиканскиот конгресмен, за кого Политико пред два месеци напиша дека му е омилениот конгресмен на Путин, неделава рече дека Македонија не е држава и предложи таа да се подели меѓу соседите.

На прашањето дали администрацијата на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп ја поддржува идејата на Рорабакер, тој рече дека има влијание врз американската надворешна политика и дека во иднина на седници на Комитетот за надворешни прашања ќе се разговара и за прашањето на промена на границите на Балканот.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе