„Се надеваме на достоинствена формулација во однос на албанскиот јазик на што чекаме речиси 20 години. Консултациите ќе продолжат со сите релевантни фактори во земјата како и со меѓународниот фактор Морам да нагласам дека сите достигнувања ги имаме благодарение на меѓународниот фактор", рече Вјолца Адеми од ДУИ.
Таа нагласи дека има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои ќе гласаат за уставните измени, поточно за внесување на бугарското, хрватското и црногорското малцинство во Уставот, со што ќе се отвори патот низ преговори кон ЕУ. .
Пратеникот Халил Снопче од Алијанса за Албанците рече дека е скептичен дека ќе се обезбедат гласови во Собранието на Македонија за уставни измени.
„Доколку нема двотретинско мнозинство за отворање на Уставот, тогаш ќе треба да се формира проширена влада.
И Адеми и Снопче изјавија дека се категорично против идеите изнесени од македонската опозиција според кои тие ќе гласаат за бришење на одредницата од 20 отсто за албанскиот јазик, под услов да се отстрани бадентеровиот принцип и балансерот.
Станува збор за вредности градени со години по Охридскиот договор кои се сега бетонирани и кои нема да дозволиме да бидат уништени, рече Адеми, додека Снопче ѝ порача на ВМРО-ДПМНЕ доколку условуваат, како што рече, тогаш и албанската опозиција ќе изнесе нови услови.