„Задоволна сум од денешната одлука на Судот. Повеќе од две години и психички, емпоционално и физички минувам низ процесот. Барам време да ја добијам и прочитам пресудата и потоа евентуално да се изјаснам, односно образложение за какво било новинарско прашање. За случајот досега и премногу зборував, треба сериозно да се размисли и за укажувањето од судот во однос на однесувањето на политичарите и функциониерите. Ми треба време и разбирање од вас за мојата денешна состојба, треба да ги средам емоциите по овој измачувачки долг судски процес“, изјави Фросина Ременски.
На денешното објавување на пресудите во судскиот процес „Меѓународен сојуз“, Ременски беше ослободена од вина, првообвинетиот Бојан Јовановски доби затворска казна во траење од 9 години, Јасна Мандиќ Ерцеговиќ затвор во траење од 4 години, таткото на Бојан, Миле Јовановски, е осуден на условна казна од две години, a Христина Карајованова Блажевска е осудена на една година затвор.