Поранешниот пратеник на опозициската Беса, кој сега функционира како независен пратеник и е практично дел од владејачкото мнозинство, вели дека во Собранието ќе се обезбеди двотретинско мнозинство за уставните измени кои, нагласува, се неопходни за отворање на поглавјата со Европската Унија.
„Верувам дека ќе обезбедиме мнозинство. Како што јас тогаш се изјаснив поинаку од одлуката на мојата политичка партија (иако немаше одлука од партиските органи), така исто мислам дека има совесни пратеници кои ќе го искористат загарантираното право на глас според сопственото убедување", вели Реџепи.
И покрај тоа што на опозицијата ѝ се потребни 8 пратеници од македонската опозиција, а кои всушност потпишаа на нотар дека нема да гласаат, Реџепи е убеден во поинаков исход и вели дека нивната нотарска изјава не значи ништо.
„Потписите немаат правна сила. Политичката волја е нешто што може да се промени во зависност од околностите", рече Реџепи.