По вчерашната одлука

Реакција од кабинетот на претседателот: Помилувањето е институт кој има корективна функција

За одредени кривични дела не е возможно да се бара помилување. Секој случај се разгледува поединечно. Во однос на предметите опфатени со последната одлука за помилување на осудени лица, Комисијата за помилување даде позитивен предлог, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот на државата по реакциите на последната одлука на Стево Пендаровски за помилување на осудени лица.

„Помилувањата како институт се еден од основните уставни надлежности на претседателот. Постојат два вида на помилување, и тоа:

Редовни, односно кога лица и граѓани на земјава индивидуално испраќаат молби за помилување до Министерството за правда, кои потоа се доставуваат до кабинетот на претседателот, односно Комисијата за помилување која детално ги разгледува и потоа му доставува предлози на претседателот.

Групните помилувања се втора категорија и за нив постапката се одвива два пати годишно, за 2 Август – Илинден, и новогодишните празници. За групните помилувања, предлозите до Министерство за правда пристигнуваат од казнено-поправните домови, а не по индивидуални барања на лицата кои отслужуваат казна.

Потоа, исто како и за редовните, предлозите ги доставува Министерството за правда до Комисијата за помилување на претседателот, којашто доставува мислење до претседателот поединечно за секој од случаите. Претседателот согласно своите уставни надлежности ја носи конечната одлука.

Основните предуслови за едно лице да биде помилувано, се во насока на добро поведение, да покажал каење за стореното дело, да почне со отслужување на казната, да не станува збор за повторник или лице кое има повеќе дела за кои треба да одговара и во иднина. Потенцираме дека за одредени кривични дела не е возможно да се бара помилување. Секој случај се разгледува поединечно. Во однос на предметите опфатени со последната одлука за помилување на осудени лица, Комисијата за помилување даде позитивен предлог. 

Лицето Абдуљфета Алими, кој има добиено делумно ослободување од понатамошно извршување на неиздржаниот дел од казната затвор, во траење од осум месеци, ги има исполнето условите предвидени со Законот за помилување и воспоставената пракса. 
Со делумното ослободување од извршувањето на неиздржаната казна затвор на лицето Абдуљфета Алими, претседателот не донесе одлука за околностите и настаните од 27 април, туку одлука за индивидуалната молба поднесена од Алими.
Претседателот никогаш не одлучувал селективно, така било до сега, така ќе биде и од сега.

 

Александар Петровски, потполно се ослободува од понатамошно извршување на казната затвор, бидејќи станува збор за граѓанин со тешка и животнозагрозувачка здравствена состојба. Не станува збор за повратник од странски боишта. 

Помилувањето е институт кој има корективна функција. Дејствата кои ги предизвикува помилувањето се овозможување и забрзување на ресоцијализацијата на осудените лица а со тоа и остварувањето на целите на казнувањето и извршувањето на казната.

Претседателот Пендаровски, во текот на неговиот мандат потполни помилувања има дадено само во ситуации кога граѓаните кои ги бараат се во животнозагрозувачка здравствена состојба. Потенцираме дека, претседателот Пендаровски најчесто дава делумни помилувања односно 3 - 8 месеци, и тоа во случаи кога граѓаните кои бараат помилување имаат за отслужување уште неколку години од казната, и кога во нивните случаи биле  исполнети горенаведените предуслови“, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот на Македонија.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе