Собрание

Разрешена техничката министерка Рашела Мизрахи

Рано утрово. во три часот пополноќ Собранието мнозинството од пратениците на собраниското мнозинство го прифатија предлогот на техничкиот премиер Оливер Спасовски за разрешување на техничката министерка Рашела Мизрахи. Причина за ова разрешување беше употребата на таблата со името Република Македонија за време на јавните настапи на министерката од Министерството за труд и социјална политика. За предлогот на Спасовски гласаа 62 пратеници, а против беа 26.

За предлогот за нејзино разрешување премиерот Оливер Спасовски рече дека тоа го направил по серијата јавни настапи на министерката Рашела Мизрахи на кои грубо бил прекршен Уставот со неупотребата на уставното име на Репубика Северна Македонија.

„Таа не го корегира нејзиното однесување, неколку пати го повтори непочитувањето на Уставот и законите, со што свесно и намерно го кршеше Уставот и во ризик ги стави односите со соседите и евроинтергацијата на земјата. Таа со своите јавни настапи ја злоупотреби функцијата за партиски цели. Таа во Собраието се заколна дека своите задачи ќе ги извршува врз основа на Уставот на Република Северна Македонија. Оценив дека овие последици морам да ги спречам и поднесов предлог за нејзино разрешување“, го образложи својот предлог техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Претходно пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски кои предложи оваа точка да се симне од дневен ред затоа што Мизрахи всушност го почитува Преспанскиот договор затоа што ниту едно од поглавјата за членство во ЕУ не е отворено, што значи дека никој во Македонија нема обврска да го користи новото име. „Рокот за употребата на новото име во документите и материјалите е 5 години, а за ниту едно поглавје не почнавме со преговорите со ЕУ. Нема прекршување на Преспанскиот договор од министерката Мизрахи“, рече Димовски барајќи од Спасовски да го повлече барањето за разрешување.

Мизрахи од собраниската говорница рече дека уште од првиот ден како прва министерка Еврејка во македонска влада беше мета на хајка.

„Сите напади кон мене, кои почнаа со антисемитизам се засилуваа со секој мој јавен настап, во кој со факти и докази ѝ презентирав на македонската јавност дека системот е дисфункционален, а Министерството за труд и социјална политика е блокирано со илјадници нерешени предмети, ужасна кадровска политика и сето тоа на грбот на граѓаните“, потенцира Мизрахи.

Според неа, хајката против Еврејката Рашела Мизрахи била со цел да се прикрие вистинската слика за она што се случува во државата и ресорното министерство, погубните политики на СДСМ…, а таблата,  како што рече, е евтина театарска претстава.

„Наместо да ме остават да им помогнат на болните, инвалидите, децата и најранливите во ова општество ѝ помогнаа на вицепремиерката Царовска својот грев за непроменување на таблата, од само за неа познати причини, да ми биде препишан мене. Па место таа да објасни за натрупаните нерешени случаи, за донесеното законско решение кејс менаџмент кое е апсолутно дисфункционално, за криминалите кои ги направила врз синдикатите, со сета сила, најлесно беше да ја истури својата неспособност и некомпетентност на некој друг и да го обвини за тоа“, рече Мизрахи.

Таа изрази благодарност до сите граѓани, до Собранието и до ВМРО-ДПМНЕ за укажаната доверба и за номинацијата да биде министер за труди социјална политика во техничката  Влада. Додаде дека имала желба и волја да им помогне и да им служи на граѓаните. Таа своето кратко излагање го заврши со реченицата: „Јас сум Рашела Мизрахи, горда Еврејка од Македонија“.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски поднесе барање за разрешување на техничкиот премиер Оливер Спасовски за неупотреба на уставното име. „Изгелда потсвеста многу работи, па сакајќи или не го употребувате името Република Македонија. Очекувам дека ќе поднесете барање за ваше разрешување, да бидете принципиелни, да покажете дека немате двојни аршини“, рече Мицевски.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе