Разрешен директорот на Комунална хигиена, неговиот брат вчера со пиштол се појави пред демонстрантите

Град Скопје соопшти дека Зуди Енузи е разрешен од позицијата вршител на должноста директор на јавното претпријатие Комунална хигиена.

Оваа одлука на градоначалничката Данела Арсовска е донесена по вчерашната информација дека неговиот брат Цуфи Кока е лицето од фотографијата кое е со пиштол на плоштадот Скендер Бег за време на протестите.

„Градот Скопје како град на соживот и солидарност не смее да биде центар на насилство и пресметки со огнено оружје и креирање меѓуетнички тензии меѓу нашите сограѓани. Политиката зема замав и во ниту еден случај не смее да влијае на професионалноста на водењето на институциите. И покрај одличното и професионално менаџирање со јавното претпријатие Комунална хигиена од страна на Зуди Енузи, сепак мојот етички кодекс не дозволува тој да продолжи да раководи со претпријатието. Затоа истиот е разрешен од позицијата вршител на должност“, се вели во соопштението од кабинетот на градоначалничката на Скопје.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе