Според ПОА

Расколникот Вранишковски бил сериозно болен

Српската „филијала“ на СПЦ во земјава, ПОА, тврди дека здравјето на поранешниот македонски владика Јован, инаку роден како Зоран Вранишковски била, сериозно нарушена и дека тој треба под итно да биде опериран.

Во писмената реакција на ПОА е нагласено дека Вранишковски, кој е во затвор, бил сериозно болен и дека му треба лекарска нега која македонските власти под влијание на МПЦ не му ја дозволувале.

“Утврдено е дека тој има потреба од лекарска интервенција. Тоа го утврди и лекар специјалист. Мислењето на лекарот специјалист е одобрено од судот, но истражниот затвор каде што архиепископот Јован е во притвор, и каде 23 часа е во келија, веќе цел месец не му ја овозможуваат основната здравствена заштита“,  велат од ПОА.

 Според ПОА, МПЦ е непризнаена институција и врши притисоци за целосно уништување на сега веќе српскиот владика, архиепископот охридски Јован, а со крајна цел целосно да се уништи и Православната Охридска Архиепископија (ПОА).

Вранишковски е обвинет за проневера за 250.000 евра, пари кои наводно ги украл од МПЦ. Осуден е на казна затвор од 2,5 години.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе