Се јави и бугарскиот претседател

Радев: Борисов и Заев да не глумат „театар“ со некаква декларација без јасни критериуми

Бугарија треба да даде согласност за почеток на преговорите на РС Македонија кога ќе се признаат објективните историски факти и кога процесот на искоренување на јазикот на омраза ќе биде стабилен и неповратен, порачува бугарскиот претседател, Румен Радев.

Радев во денешната изјава вели дека Владата со години испорачува ветувања за безусловна поддршка на РС Македонија.

„Резултатот го гледаме денес. Владата доцна се сети дека треба да го штити националниот интерес. Би била груба грешка ако премиерите Борисов и Заев одглумат ‘некаков театар‘ и потпишат една посакувана декларација, каков што е Договорот од 2017 година без јасни критериуми, без механизми за верификација и без оценка на исполнувањето“, изјавил Радев.

Како што пренесува БГНЕС, бугарскиот претседател повторува дека имаат „најголема желба пријателите од РС Македонија да ја добијат својата европска перспектива и поради тоа сега треба да почекаме да се смират страстите“.

„Треба да се вооружиме со трпение за еден отворен, мирен разговор, да ги видиме јасно позициите на двете страни и да не истрчуваме со брзи одлуки, како имитација на триумф.

Додека зад таа фасада продолжуваат проблемите на титовиот режим и неговата идеологија, Бугарија, откако не успеа да ги вклучи нашите барања во преговарачката рамка, треба да даде согласност за почеток на преговорите, дури откако ќе се признаат објективните историски факти и кога процесот на искоренување на јазикот на омразата и на искоренување на злоупотребата на нашиот идентитет и суверенитет ќе стане стабилен и неповратен“, додава Радев.

Во спротивно, како што вели, ќе внесувале проблеми во ЕУ.

 

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе