Реакција

Прво Заев да нè информира за договорот со Алтернатива, па ќе одлучиме дали го прифаќаме, вели Милевски, лидерот на ЛДП

Очекуваме премиерот Зоран Заев да нè извести во каква влада влегуваме, очекуваме информации за договорот со Алтернатива, а потоа ќе одлучиме дали е тоа прифатливо или не за нас. Ова вчера го изјави лидерот на ЛДП, Горан Милевски, откако беше објавено дека Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, договорија влез во владината коалиција.

„Немаше потреба да се прават овие театри еден месец и да се дефокусира јавноста бидејќи државата има еден силен предизвик во декември, а тоа е почеток на преговорите со Европската Унија и целата енерија на политичките чинители треба да се насочи кон решавање на овој проблем којшто ќе значи подобар животен стандард на граѓаните, наместо да се занимаваме со личните позиции и кадровските решенија коишто очигледно се договорени,“ изјави Милевски, лидерот на ЛДП, партија која заедно со ДОМ е дел од владината коалиција.

По регионалната конференција на АЛДЕ и ЛДП, Милевски изјави дека Либерално-демократската партија не се занимава „со секојдневните политички пазарења од кои се изморивме изминатиот период, туку сме насочени кон меѓународната политика и да направиме сè што е возможно да се деблокираат сите прашања за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ“.

ЛДП заедно со ДОМ имаат тројца пратеници и едно министерско место во владата. Милевски е министер за локална самоуправа.

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе