За време на протестот за „Монструм“

Прв напад врз полицискиот кордон

Ве молиме, останете присебни, немојте да напаѓате - молат организаторите на протестот за Монструм, откако дел од толпата го нападна големиот полициски кордон кој го запре нивното движење кон Кривичен суд, каде беше планирано да се одржи дел од протестот, кој треба да заврши пред Владата. Полицијата само се одбрани од ударите, дел беа со нозе, дел со предмети кои „полетаа“, а обезбедувањето на протестниот марш има големи проблеми да ја сопре гневната маса. Се чини дека еден полицаец е повреден.

Нападот се случи во 14.10 часот, за време на говорот на Бедри Ајдари кој ја молеше полицијата да го овозможи протестот.

Се чини дека во тој момент беше повреден еден од полицајците, кој од кордонот излезе и се упати кон возило на интата помош, oткако еден од колегите додаде вода кон него.

Правда и слобода во земјата, Долу диктатурата, се извикува од толпата.

Дел од говорниците упатија и погрдни зборови за лидерот на ДУИ Али Ахмети, „што стои по страна“.

Претходно, 20 минути пред овој напад, обезбедувањето на протестот успеа да задржи две лица да фрлат маси и столици кон полицијата.

Демонстрантите се „вооружени" со транспаренти, сирени и свирчиња и бучно бараат „правда и слобода", односно ослободување на осудените лица во судскиот процес Монструм кој заврши деновиве со максимални затворски казни за обвинетите.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе