Реакција

Провокатори не го исчистиле споменикот на Гоце Делчев, таа работа редовно ја вршиме, велат од Комунална хигиена

По веста дека луѓе од некаква бугарска фондација со име „Македонија“ го чистеле споменикот на Гоце Делчев во Градски парк и притоа поставиле бугарско знаме и непријателски леток, од Комунална хигиена реагираат дека спомениците редовно ги чистат, но и дека има лица кои се однесуваат вандалски. Претпријатието бара од надлежните институции да преземат мерки за овој случај. Од МВР за МКД.мк велат дека полицијата работи на расчистување на случајот. Oд Владата исто така кусо ни одговорија: „Надлежните институции постапуваат согласно своите овластувања“.

„Јавното претпријатие Комунална Хигиена ја известува јавноста дека се
невистинити објавите на извесни провокатори чии фотографии осамна на
интернет дека го чистеле споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк.
Имено, споменикот на Гоце Делчев, како и бројни други споменици низ градот
се предмет на вандалски чинови и оштетувања во континуитет, при што само
на споменикот на Гоце Делчев јавното претпријатие Комунална хигиена во
изминатиот месец дури три пати има превземено акција на целосно чистење
со соодветна механизација, средства и човечки ресурси.

Тоа што некој врз нашите обележја става знаме на странска држава, а
воедно лажно зема заслуги за работата на Јавното комунално претпријатие
презентирајќи ја како своја, дополнително е за осуда и ги повикуваме
надлежните институции да го истражат случајот и да превземат соодветни
мерки.

Повторно апелираме и повикуваме на свесност кај граѓаните да не се
вандализираат и оштетуваат спомен обележјата и јавните површини“, се вели во соопштението на претпријатието.

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе