Со кратенката МКД

Прототема: Скопје бара Грција да го нарекува „Македонија“

Сакаат да се користи кратенката МКД или МД во воен документ, вели Прототема.

Република Северна Македонија се обиде скришно и измамнички да ја воведе употребата на терминот „Македонија“ во форма на акронимот „МКД“ во официјален билатерален документ со Грција, вели грчкиот медиум.

Ова досега невидено барање на Скопје се случило за време на преговорите меѓу министерствата за одбрана на двете држави за подготвување на Програмата за воена соработка за 2020 година.

„Што се однесува на потпишувањето и спроведувањето на Програмата за воена соработка за 2020 година (СФП) со Северна Македонија, официјалниот офицер за врски на Скопје ја истакна ненадејната промена на ставот на оваа земја, а особено тоа што се обидува да го употребува акронимот МКД наместо РНМ“, открива доверлив документ на Генералштабот на Грчката национална одбрана (ХНДГ), кој е објавен од Прототема. „Во Акциониот план 2019 со Северна Македонија, кој беше потпишан против ПСС 2019, како и во сите релевантни активности, се користи кратенката РНМ (т.е. Република Северна Македонија) со согласност од таа земја“, гласи документот на Генералштабот на Грчката национална одбрана.

Димитрис Јанакакис, амбасадор на Грција во Скопје, во телеграма од 19 јуни 2020 година, која беше означена како доверлива и итна, потенцира дека „текстот на Програмата за воена соработка е производ на речиси едногодишни преговори (ова е негова 5-та верзија) и беше прифатен од страна на ХНДГ, кој му наложи да го потпише“.

Во доверливата и итна телеграма до централната канцеларија на Министерството за надворешни работи, грчкиот амбасадор во Скопје, исто така, истакнал дека Европејците не се согласуваат со грчките аргументи за потребата од користење на кратенката РНМ.

„Барем нашите тукашни соговорници од ЕУ знаат дека иницијалите РНМ широко се користат во јавната администрација. Сепак, тие тука го прифаќаат аргументот дека иницијалите МК и МКД се предвидени во член 1.3 (д) од Договорот од Преспа за сите случаи и не го поддржуваат нашиот став дека за кратенките што се користат за Северна Македонија во контекст на ЕУ и НАТО е потребна друга регулатива“, забележува амбасадорот Јанакакис.

Објавено

Вторник, Јуни 30, 2020 - 11:50

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе