Против францускиот предлог се протестираше и пред Собрание

Пред зградата на Собранието вечерва се одржува протест. Протестните активности се во тек и пред Владата, а преку нив се бара да се отфрли францускиот предлог за кревање на ветото од Бугарија и деблокада на интеграциите на државава во Европската унија.

Урната е заштитната ограда, а главниот влез на Собранието е обезбеден од кордон полицајци. Кон собраниската зграда демонстрантите фрлаат јајца и шишиња.

Учесниците на протестот се упатија кон Собранието од пред владината зграда, каде исто така беше урната заштитната ограда а дел се стационираа во владиниот двор.

На почетокот на протестот кон зградата на Владата исто така беа фрлани јајца, шишиња, петарди. Се скандираше „Оставка", „Никогаш Северна само Македонија".

Протестот официјално нема организатор, но е поддржан од политички партии и граѓански организации кои сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе