Дел од граѓаните изјавија дека се подготвуваат да постават и шатори.
„Можам да кажам дека е јасно дека имаме исклучително штетен предлог кој директно задира во македонската самобитност, во македонската култура, нација, јазик и историја, предлог кој целосно ги урива темелите на македонската држава и македонскиот народ“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Учесниците на протестот бараат Владата и Ковачевски да го отфрлат предлогот затоа што е штетен.