Протести за поддршка на Харадинај пред француската амбасада

Стотина албански студенти, интелектуалци и поранешни борци на ОНА, денеска одржаа протест пред француската aмбасада во Скопје. 

Тие ги повикаа француските власти и Европската Унија, што е можно побрзо да го ослободат Рамуш Харадинај и побараа Франција да не ги уништува пријателските односи со Албанците. Протестантите, исто така побараа да се почитува одлуката на Меѓународниот суд, кој го прогласи Харадинај за невин.

Француската полиција го уапси Харадинај пред неколку дена по налог издаден пред неколку години од страна на српските власти.

Српското обвинителство за воени злосторства до Министерството за правда денеска достави наредба за проширување на истрагата против Харадинај.

Нашите умни, работливи и чесни граѓани заслужуваат да имаат излез на „море" што се нарекува светски пазар.

повеќе

Како што транспортниот систем ја дефинира структурата на урбаното „ткиво", така половата поделба ја дефинира структурата на општеството.

повеќе

Киев не може да дозволи, ниту од морална, ни од правна гледна точка, нејзини претпријатија да бидат конфискувани.

повеќе