Нов скандал

Професорот Ристески од МО бил платен за партиски активности на Фејсбук, ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот и од министерката

Универзитетскиот професор Темелко Ристески бил ангажиран од Министерството за одбрана како правен советник, а во извештаите за сработеното се фалел со неговата активност на фејсбук во корист на коалицијата на СДСМ. Од ВМРО-ДПМНЕ бараат оставки и од премиерот и од министерката за одбрана.

На социјалните мрежи се појави дикумент, извештај, потпишан од универзитетскиот професор Темелко Ристески за тоа што во јули 2020 година сработил како ангажиран советник на Министерството за одбрана. Во извештајот тој главно известува за тоа што сработил во корист на партијата, а не во корист на МО - пишувал на Фејсбук, објавувал агитациски текстови, телефонски се јавувал кај што треба...

Во изјава за медиуми за професорот Ристески нема ништо спорно. Тој потврдува дека е автор на извештајот до државниот секретар на Министерството за одбрана, потврдува дека бил ангажиран како надворешен советник за правни работи за стратегиски одбранбен прегледво 2019 и во 2020 година. Според извештајот, стратешка била неговата одбрана на интересите на владеачката партија СДСМ.

„Останува неодговорено колку такви договори на дело - професионални партиски ботови СДСМ и ДУИ имаат распоредено по институциите.

Чувствува ли Славјанка Петровска одговорност?

До кога ќе молчи Димитар Ковачевски за овој скандал што е слика на македонската беда и јад што владее во институциите под јаремот на СДСМ и ДУИ? Ќе ги врати ли парите угледниот професор – бот? Оставка“, бара Драган Ковачки, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

За две години професорот и полковниокот во пензија Ристески заработил 9.384 евра. А, според неговиот прецизен извештај до државниот секретар на МО, тој активно ја следел изборната кампања, напишал 10 објави на фејсбук за поддршка на коалицијата „Можеме“, напишал две агитациски писма за поддршка на коалицијата кои биле објавени на фејсбук-страницата на Партијата на пензионерите, а и дека имал и телефонски и лични контакти со претседателот на истата партија, а за поддршка на владејачката коалиција.

Универзитетскиот професор и лидер на Левица Димитар Апасиев жестоко го нападна неговиот колега: „Гнидава ја викаа на Телма, да дава изјави за референдумот. И оваквите ни се ‘професори’ кои креираат јавно мислење (а тајно праќаат рапорти до министерот, оти се на платен список да пишуваат постови на мрежите). И не е само Темелко! Цел СОРОС сектор работи вака“, напиша Апасиев на фејсбук.

A.Д.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе