Во Собранието на Македонија

Продолжува седницата за избор на нова Влада

Собранието на Македонија денеска, со почеток во 12 часот, треба да ја продолжи седницата на која единствената точка на дневен ред е избор на нова Влада. Мандатарот Димитар Ковачевски вчера ја претстави програмата за работа на неговиот иден владин кабинет кој  ќе брои 21 министер, односно за еден министер (без ресор) повеќе отколку што има владата на Зоран Заев.. СДСМ и коалицијатата ќе имаат 12 министри, ДУИ шест, а Алтернатива тројца министри. Расправата мора да заврши до полноќ и најдоцна тогаш да се гласа за избор.на влада.

Ковачевски вчера најави дека сака за сите прашања да има дијалог со опозицијата, со интелектуалците и воопшто со јавноста, рече дека пред се ќе се посвети на раст на економијата, а во поглед на преговорите со Бугарија нагласи дека не доаѓа предвид да се преговара за македонскиот идентитет и јазик.

Фокусот на новата влада, како што рече Ковачевски, е создавање поголем и одржлив раст на економијата во следните две и пол години и најави удвојување на економскиот раст, и раст на БДП до 5 отсто.

Главен предизвик во економијата, како што рече, и натаму останува соочувањето со негативните ефекти од пандемијата и енергетската криза и вети дека ќе се работи на енергетско осамостојување на државата. Најави дека минималната плата ќе продолжи да расте што ќе придонесе  за раст и на просечната плата.

Зголемување на пензиите ќе биде исто така една од првите одлуки на новата влада. Новата влада, како што посочи мандаторот, има план за соочување со економската и енергетската криза.

Ковачевски нагласи дека не е време за нови избори зашто, како што оцени, народот е уморен од изборните циклуси и бара да се работи.

На вчерашната седница од страна на пратениците од опозициските редови, главно од ВМРО-ДПМНЕ, беше повторен ставот дека на земјата ѝ се потребни предвремени брзи избори со цел, како што нагласи Александар Николоски, земјата да може да добие стабилна и легитимна влада. 

Од опозицијата пратениците сметаат дека Владата на Ковачевски, доколку биде избрана, го нема легитимитетот на народот бидејќи СДСМ загуби на локалните избори, додека легитимитетот на Ковачевски не извира од изборен процес.

Заеднички став на поголемиот дел од пратениците од опозицијата е дека оваа влада ќе биде влада со краток рок, која брзо ќе се соочи со своите аномалии и оти многу брзо ќе се оди на предвремени парламентарни избори.

Опозицијата исто така побара одговорност за случајот со Ласкарци, за пожарите кои се случија летото, за судството, за обвинителството, за економија, за цените, платата, за Клиничката болница, за образованието, за незавршениот автопат Скопје – Охрид, за воздухот, за сите лаги, за јазикот, историја, и за се што е преговарано со соседите за нацијата.

Пратеникот Елми Азири од Алијанса за Албанците во своето излагање напомена дека граѓаните чекаат подобрувања од Владата, чекаат видливи резултати. Но, според него, овој владин состав многу тешко ќе може да донесе резултати, бидејќи не размислуваат за резултатите.

За разлика од опозицијата, пратениците од власта сметаат дека новата влада ќе го задржи позитивниот курс на претходната Влада. За легитимитетот, нагласија, одлучија граѓаните на парламентарните избори во 2020 година, а дополнителен плус е зголемувањето на парламентарното мнозинство.

Сепак, од пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз се слушнаа и критики. Тој побара од Ковачевски да се согласи на законски измени со цел да се формира Агенција за борба против тешки облици на криминал и корупцијата, нагласувајќи дека во моментов Македонија има седум институции за борба со корупцијата и криминалот, но дека се тие силно партизирани. Трајанов побара и носење на закон со кој, како што рече.,конечно Македонија ќе биде една изборна единица, нагласувајќи дека актуелната изборна регулатива е во интерес на четири големи партии.

Пратеникот Арбер Адеми од ДУИ во своето обраќање во Собранието посочи дека се што досега ветиле, тоа и реализирале, и како што рече, кадрите на ДУИ имаат реализирано конкретни резултати кои не можат да се спорат.

Тој додаде дека во екот на пандемијата се сочуваа над 60 илјади работни места, се намали невработеноста, се зголеми извозот, а, како што рече, кадрите на ДУИ се достоинствени претставници кои имаат идеја и визија како државата да оди напред и како да се менаџира со кризите, како што е мигрантската криза, ковид пандемијата на најдобар начин.

Пратеникот Дарко Каевски од СДСМ смета дека граѓаните на предвремените парламентарни избори во 2020 година недвосмислено дале поддршка за владејачката коалиција да ја води државата.

Новиот владин кабинет ќе има еден член повеќе од претходниот – министер без ресор за дијаспора, место што и припадна на Алтернатива.

Од Владата си заминуваат осум досегашни членови, вклучувајќи го и премиерот Зоран Заев. Никола Димитров веќе нема да биде вицепремиер за европски прашања, Радмила Шекеринска заминува од Министерството за одбрана.Членови на Владата нема да бидат ни досегашниот министер за здравство Венко Филипче, министерката за образование и наука Мила Царовска, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерката за култура Ирена Стефоска.

На нивните места треба да дојдат досегашниот министер за правда Бојан Маричиќ (СДСМ) како вицепремиер за европски прашања, Славјанка Петровска (СДСМ) во Министерството за одбрана, Беким Сали од Алтернатива ќе раководи со Министерството за здравство, досегашниот министер за информатичко општество и администарција Јетон Шаќири (ДУИ) ќе го преземе Министерството за образование и наука, Јована Тренчевска (СДСМ) ќе раководи со Министерството за труд и социјална политика, а Бисера Костадиновска Стојчевска (СДСМ) го презема ресорот култура.

Адмирим Алити од Алтернатива ќе биде прв човек на МИОА, а Џемаил Чупи од оваа партија е предложен за министер без ресор задолжен за дијаспората.

Во новата влада на Ковачевски останува вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи (СДСМ), а ново име е Славица Грковска (СДСМ) која треба да биде вицепремиер за борба против коруција и криминал.

Со ресорот правда треба да раководи универзитетскиот професор Никола Тупанчевски (СДСМ). Во Министерството за внатрешни работи останува досегашниот министер Оливер Спасовски (СДСМ).

Функциите ги задржуваат и министрите за надворешни работи, за транспорт и врски, за финансии и за економија, Бујар Османи (ДУИ), Благој Бочварски (СДСМ), Фатмир Бесими (ДУИ) и Крешник Бектеши (ДУИ). Во Министерството за локална самоуправа останува и понатаму Горан Милевски (ЛДП/коалиција на СДСМ), а нема промени и во Министерството за животна средина и просторно планирање каде останува досегашниот министер Насер Нуредини (ДУИ).

Со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и понатаму ќе раководи Артан Груби (ДУИ). Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се враќа Љупчо Николовски (СДСМ).

Собраниската расправа за избор на нова влада трае најмногу два дена, а за изборот на владиниот состав се гласа по нејзиното завршување, односно најдоцна до 24 часот вториот ден или во случајов во недела до полноќ. Владата е избрана ако за неа гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници во Собранието

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе