Продолжува протестот против францускиот предлог

Време е да се обединиме под македонското знаеме. Ги повикуваме граѓаните денес помасовно и побројно против отворената бугаризација и асимилација, се вели во повикот за денешниот протест против францускиот предлог за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

Протестот ќе почне во 19 часот пред Владата, преку Министерство за правда, а ќе заврши пред Собранието.

„Масовно, мирно и достоинствено да протестираме, народот да е последната брана против нечесната игра која ќе направи насилна бугаризација на народот и Македонија. Да кажеме НЕ на ултиматумот“, се вели во известувањето на организаторите.

Ова ќе биде осми протест од почетокот на демонстрациите. Почна на 2 јули, во петокот беа блокирани само неколку патни правци, а во саботата беше одложено протестирањето поради Курбан Бајрам.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе