Поради францускиот предлог

Продолжува протестот пред Владата, помасовен е закажан за вечерва

На пладне продолжи протестот пред зградата на Владата како израз на револт од понудениот француски предлог за надминување на спорот со Бугарија и продолжување на евроинтеграцискиот процес и со клучно барање - предлогот да се отфрли. На протестот се демонстрантите кои и оваа ноќ ја минаа кампувајќи под шатори, а нив им се приклучија граѓани кои протестираат. Воедно се држат и политички говори.

Околу владината зграда е поставена заштитна ограда, а видливо е и засилено полициско обезбедување.

На почетокот на протестот учесниците скандинираа „Предавници“,  „Оставка", „Македонија", „Никогаш Северна само Македонија"...

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки на протестот изјави дека предлогот кој Владата на Ковачевски го прифаќа, е неприфатлив за државата.

„Народот, интелектуалците, општествените чинители и експертската јавност гласно кажуваат дека овој предлог за почеток на преговорите е штетен за Македонија и води кон две сценарија, кое од кое полошо за Македонија. Едното е вечно преговоарање, а второто е асимилација под диктат на Бугарија. Овој предлог претставува ултиматум кој во себе ги содржи сите бугарски барања“, додаде Ковачки.

Според него, тоа што Владата се обидува да го спроведе како голем успех е всушен дипломатска катастрофа.

„Народот кажа Не, благодарам. Ковачевски и Владата треба да кажат дали стојат со или против својот народ“, додаде Ковачки.

Инаку, од ВМРО-ДПМНЕ за вечер во 19 часот повторно повикаа на протест пред Владата, по што ќе маршираат кон Министерството за надворешни работи, а потоа ќе се упатат кон Собранието.

На протест повика и Левица од чие партиско седиште најавуваат нови методи на протестирање, откако вчера нивно оружје беа свежи јајца, тоалетна хартија, боја и петарди кои беа фрлани во правец на зградата на Владата и полицискиот кордон.

Протестот официјално нема организатор, но е поддржан од политички партии и граѓански организации кои сметаат дека предлогот е исклучително лош за ма едонскиот народ и македонските национални интереси. Вчера дел од учесниците на протестот со јајца гаѓаа пред зградата на Владата, а имаше собир и пред Собранието каде беше урната заштитната ограда.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе