Од вкупно четири

Прифатени се три кандидатури за претседател на СДСМ

Славјанка Петровска од СДСМ, денеска на прес-конференција потврди дека три кандидатури за претседател на СДСМ се прифатени, а една е одбиена поради неосполнување на правилата и условите кои биле распишани. Отфрлена е кандидатурата на Властимир Алексовски, член и активист на СДСМ од Куманово, кој пројави амбиции да стане претседател на партијата. Не го исполнува условот од статутот, најмалку еднаш да бил избран од Конгресот за член на некој од партиските органи.

„Рокот за поднесување на кандидатури за претседател истече вчера, поднесени се четири кандидатури. Денеска согласно правилата заседаваше Централната изборна комисија и одлучија дека три кандидатури се целосни со сите потребни документи и услови согласно правилата и условите кои беа распишани, а една кандидатура не е и таа е отфрлена со одлука на Централната изборна комисија и кандидатот кој ја поднесе е известен за тоа.", рече Петровска.

Инаку, доставени беа четири кандидатури за партиски лидер на СДСМ, од Димитар Ковачевски, актуелен заменик-министер за финансии, Фросина Ременски, поранешна пратеничка и потпретседателка на СДСМ, Властимир Алексовски, член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово и од Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата на технолошко индустриски развојни зони.

Со Одлуката на Извршниот одбор од 26 ноември 2021 година вонредните избори ќе се одржат на 12 декември 2021 година. Постапката за кандидирање започна на 27 ноември, а заврши вчера.

Право на кандидатура имаа сите членови на СДСМ кои ги исполнуваа критериумите согласно Статутот на СДСМ. За претседател на СДСМ можеше да се кандидира лице кое има најмалку пет години членство во партијата и кое најмалку еднаш бил избран од Конгресот за член на некој од партиските органи.

Изборите на локално ниво ќе ги спроведат 80 општински изборни комисии и одбори на избирачки места.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе