Превирања во ДУИ, Ахмети не го дава Груби, може ли жртва да биде Османи за „мир во куќа“

Бујар Османи, актуелниот министер за надворешни работи на Македонија, би можел да биде  жртва за смирување на поделбите во ДУИ откако група незадоволни партиски функционери преку писмо до јавноста изразија револт од партиската политика и го вперија прстот кон Артан Груби како главен виновник за ваквите состојби во партијата. Оваа информација ја објави ТВ 21, но понудата била одбиена и се чека нова понуда за повлекување на Артан Груби.

Понудата на Али Ахмети до „огнената група“, незадоволните угледни членови на ДУИ актуелни и поранешни функционери, била некој од нив да седне во министерската фотелја на Османи. Потписници на тоа писмо, меѓу другите се и Муса Џафери, Блерим Беџети, Невзат Бејта, Изет Меџити, Висар Ганиу, Башким Хасани...  

„Огнената група“ останува на ставот дека проблемот во партијата е Груби и целата министерска свита, а не само Османи.

Али Ахмети, лидерот на ДУИ, денеска изјави дека партијата „може да функционира без кој било поединец, затоа што има стабилни структури. Без сомневање, ДУИ има воспоставено стабилни структури кои можат да функционираат без Али Ахмети, Блерим Беџети, Муса Џафери, Изет Меџити. Ова е национална инвестиција која има силна основа и силна поддршка. За 20 години има инвестирано во кадарот на партијата. Советот и Конгресот се функционални, за анархија нема место“, изјави Ахмети.

Колумнисти во албанските медиуми веќе подолго време предупредуваат на авторитарното однесување на Ахмети и предвидуваат остра борба за превласт меѓу клановите во ДУИ.

„Ќе продолжи и ќе се заостри борбата за доминација меѓу клановите во ДУИ, бидејќи лидерот на партијата Али Ахмети веќе ја отфрлил оставката, што ја поднел неговиот чирак Артан Груби од позицијата потпретседател на Владата, која ја бараше герилската“ ‘Огнена група’“, вели аналитичарот Медаи Шахоли во својата колумна под наслов „Двобојот меѓу интегристите“ во весникот „Лајм“.

„Таканаречената ‘Огнена група’ меѓу ‘интегристите’ со Муса Џафери, Изет Меџити и Блерим Беџети, како протагонисти, најави ‘војна’, за да се исфрлат Груби и грубистите од Владата, поради арогантнитe ставови кон интегристичкото бирачко тело, како што велат тие. Војната за да се урне Груби на Али бег започна уште пред две години, од формирањето на Владата Зајко 2. Но, таа ‘војна’ за доминација на клановите меѓу ‘интегристите’ се држеше скриена до вчера, кога одекна ‘првиот истрел од пушката’ на ‘герилската група на огнот’, со отвореното писмо упатено до Али Ахмети и барањето да го отстрани Груби од Владата како непогоден и арогантен...  Али бег не ја прифатил оставката на неговиот чирак Груби, но ‘Огнената група’ внатре во ДУИ не се согласува со неговата одлука, со која тој одбива да го повлече својот чирак од Владата. Така ќе продолжи и ќе се заострува војната за доминација меѓу клановите внатре во ДУИ. Активистите на ‘герилската група’ во ДУИ, со Џафери и Меџити, го подготвуваат следниот противудар, за да го отстранат чиракот на Али бег од позицијата заменик-претседател на Владата’, велат доброинформирани извори во ‘Огнената група’... Насобраните незадоволства во текот на годините, поради изборот на интегристичкиот кадар од страна на Али Бег, без да се земаат предвид мислењата на ‘Огнената група’, го достигнаа врвот. Тие незадоволства експлодираа вчера против кланот, поддржуван од Али бег. Останува да се види дали ‘герилската група’ внатре во ДУИ ќе ја има, или не, поддршката на симпатизерите и интегристичките милитанти во оваа ‘војна’ за доминација на еден против друг клан внатре во нивната партија. Војната меѓу ‘интегративците’ продолжува…“, напиша Шахоли.

Политичкиот аналитичар Арсим Заколи смета дека ќе има отворање на предмети од висок профил, дека за да се спаси Али Ахмети пак ќе жртвува некој Албанец. Во изјавата за Информативната агенција на албански јазик (ИНА) Заколи вели дека следуваат отворања на повеќе предмети од висок профил на трите најголеми партии во земјата, вклучувајќи ја и Демократската унија за интеграција (ДУИ). „За да се спаси ‘големиот лидер’ Али Ахмети пак ќе се жртвува некој Албанец, и онака има будали колку сакаш наоколу. Како и секогаш, затворски курбан, жртва (која ќе мора да се жртвува, да се даде, заради привилегираните и недопирливи од Кичево и Тетово), ќе се бара на релацијата Скопје – Куманово. Помина значително време, цела една година, и во овој период Али Ахмети не жртвувал ниту еден Албанец, за да си ја спаси својата кариера како ‘лидер на големите прашања и каузи’. Зошто да не, будали има колку сакаш наоколу…“, вели Зеколи.

A.Д.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе