Претседателот на Македонија го честита празникот на Еврејската заедница

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур, упати порака до претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Пепо Леви и до сите припадници на еврејската заедница.

Во честитката се вели:

„Почитуван г. Пепо Леви,

Јом Кипур е најсветиот еврејски празник. На овој ден верниците чекорат низ патот на внатрешното преиспитување, покајание, простување и помирување со Бога и со луѓето. Вам лично и на сите припадници на еврејската заедница во Република Северна Македонија ви посакувам празникот да го поминете во добро здравје, среќа и љубов. Молитвите кон Бога и постот како столбови на Јом Кипур нека ви донесат духовен мир и нека инспирираат добри дела.

Еврејската заедница, со своите специфики има исклучително важен удел во градењето на македонскиот соживот и негувањето на почитта и разбирањето меѓу различните етнички и религиозни групи. Времето на предизвици во кое живееме не упатува да бидеме уште посплотени. На овој голем празник посакувам и понатаму сплотени да работиме на просперитетот на нашата заедничка татковина и да делуваме за нејзин просперитет и напредок.

G'mar chatima tova“.

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе