Скопје-Софија

Претседателот и премиерот во еден глас: Со Бугарија нема преговори за јазикот и идентитетот

Македонскиот државен врв, претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев, вчера на заедничка конференција за медиумите изјавија дека со Бугарија преговори за јазикот и за идентитетот нема да има.

Тие ги негираа вчерашните наводи на бриселскиот портал Политико на состанок на амбасадорите на ЕУ во Брисел бил постигнат таканаречен „бугарски компромис“ за почеток на преговорите.

Бугарскиот амбасадор на вчерашниот состанок со своите колеги од земјите членки на Европската Унија, како што објавува Политико, повикувајќи се на информации од висок европски дипломат, на маса ставил компромис за надминување на споровите меѓу Македонија и Бугарија. „Бугарија ќе го признае македонскиот како еден од официјалните јазици и ќе го признае македонскиот идентитет. За возврат, С. Македонија ќе треба да ја признае ‘историската вистина’, како што е дефинирана од Софија и да признае дека има бугарски темели врз кои е создаден каков било македонски идентитет и официјален јазик“, пишува Политико. Понудата, според она што е објавено, содржи размена на признавања.

Пендаровски изјави дека очекува да се пронајде компромис со Бугарија, на истиот начин на кој што беше најден и со Грција. За евентуалните барања на Бугарија да се признае дека македонскиот јазик и народ се со бугарски корени, претседателот на државата категорично одговори дека за такви отстапки ниту се преговара, ниту ќе се преговара и дека нема повлекување од црвените линии. „Се согласувам со претседателот Пендраровски дека нема преговори за идентитетот и јазикот. Бугарија ја признава реалноста и верувам дека работните групи ќе најдат решенија, нема нов договор, нема анекс на договорот“, изјави премиерот Заев.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе