Премиерот и делегации на државата положија цвеќе за Светите Кирил и Методиј

Цвеќе пред споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј во кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" денеска полижи делегација на Владата предводена од премиерот Димитар Ковачевски. Во делегацијата беа и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за правда Никола Тупанчевски и заменик-министерот за одбрана Башким Хасани. Венци положија и делегации на претседателот на Македонија, на Собранието, на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј",  на Сојузот на борците , на Армијата и на дипломатскиот кор.

„Со оваа активност започнаа чествувањата од програмата за одбележување на државниот празник 24 Мај – ден на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј, патрони на УКИМ и светители на Македонската православна црква – Охридска архиепископија кои со своето дело за ширење на христијанството и јазиците на словенските народи, денеска се празнуваат и чествуваат во повеќе европски земји.

Централните настани по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј, како и секоја година традиционално, ќе се одржат на 23 и 24 мај во Ватикан и Рим со аудиенцијата на делегацијата на Република Северна Македонија кај Папата Франциск на Светата Столица, која оваа година ја предводи премиерот Димитар Ковачевски, со молебенот на гробот на Св. Кирил во црквата „Сан Клементе" во Рим и со пригодни културно-уметнички содржини во главниот град на Италија“, соопшти Владата.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе