Владата на Црна Гора не ја усвои платформата за посетата на министерот за надворешни работи Ѓорѓе Радуловиќ на Македонија, па министерот морал да се врати од Скопје каде што веќе пристигнал.
Шефот на дипломатојата на Црна Гора, според официјалното соопштение на нивното Министерство за надворешни работи, требало да се сретне со македонскиот претседател Стево Пендаровски, со министерот Бујар Османи и со претседателот на македонското Собрание Талат Џафери.
Средбите биле планирани за утре и задутре.