Анкета на ИПИС

Предвремени избори сакаат 39,1%, а против се 32,5 % од граѓаните

Доколку следната недела се одржат парламентарни избори, за СДСМ би гласале 16,2%, за ВМРО-ДПМНЕ 21,2%, за ДУИ 7,2%, за Левица 2,9%, додека „за ниедна партија“ се изјасниле 17,3% од испитаниците, а 12,8% не знаеле за кого би гласале, покажува истражувањето на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) објавено денеска.

 

Според резултатите од истражувањето, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ужива најголема доверба кај граѓаните – 16,2 отсто, премиерот Димитар ковачевски има доверба од 8,7 отсто, Али Ахмети 7,3 отсто, а Зоран Заев 6,4 проценти. Високи 32 отсто од испитаниците одлучиле да не дадат доверба никому.

На прашањето дали Владата предводена од СДСМ треба да остане на власт до 2024 година или се потребни предвремени парламентарни избори 39,1% од испитаниците одговориле дека се потребни избори, 32,5 одговориле СДСМ да остане на власт, а 28,4% немале одговор.

На прашањето дали со формирање на новата влада се надмина политичката криза во Македонија, потврдно одговориле 27,9 отсто, не се согласиле 47,4 отсто, а 24,7 немале одговор.

Истражувањето е спроведено телефонски во периодот помеѓу 4 и 6 мај 2022 на 1.111 полнолетни испитаници на ниво на државата за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на партиите. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе