Правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ се подготвува да поднесе иницијатива пред Уставниот суд за давањето мандат на Заев

 ВМРО-ДПМНЕ размислува да поднесе иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на одлуката со која претседателот Стево Пендаровски, на Зоран Заев му го додели мандатот за формирање Влада.

За ВМРО-ДПМНЕ оваа одлука на Пендаровски, да го даде мандатот без договорено мнозинство во Собранието, е притивуставна. Не може да се даде мандат за формирање влада без доказ за поседување на парламентарно мнозинство, сметаат од партијата.

„Во овој момент мандатот е узурпиран од пратеникот Зоран Заев, кој нема мнозинство, а чекорот со кој Пендаровски направи повреда на Уставот е за купување на време, за давање простор за непринципиелно купување на пратеници. Кога Уставот е повреден Уставниот суд е должен да го заштити и од тој аспект веќе сериозно се разгледува опцијата за иницијатива до Уставниот суд за таквата одлука на Пендаровски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму информираат дека правниците од партијата веќе почнале со составување на преставката.

По вчерашната средба со Пендаровски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски соопшти дека партијата ги замрзнува односите со шефот на државата.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе