Комисија за деловничко и мандатно имунитетни прашања

Пратениците од власта оневозможија „етичка“ расправа за Џафери

Со пет гласа „против" и четири „за" Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања не го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се расправа за пријавата за повреда на Етичкиот кодекс од страна на пратеникот Талат Џафери, претседател на Собранието. Поточно, со гласовите на пратениците од власта не беше изгласан дневниот ред на седницата, по што седницата беше затворена. „Од денеска етичкиот кодекс не постои, СДСМ го оправда однесувањето на Џафери и односот кон администрацијата“, изјави Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Комисијата Панчо Минов откако не беше изгласан дневниот ред, ја затвори седницата.

Потоа координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски оцени дека СДСМ застана во заштита на срамото однесување на Талат Џафери.

„Омаловажувањата, понижувањата, мобингот, непочитувањето е нешто што на дневна основа го доживуваат сите граѓани на државата, без разлика на верска, етничка или било која припадност. Вака функционира двоецот, СДСМ и ДУИ. Вака функционира во целата држава. Вака е со сѐ во државата. Секогаш кога треба да понесат одговорност бегаат од истата. Ќе одговараат пред граѓаните.
На 18 јуни е општонародниот протест и е почеток на крајот на оваа аздисана власт и на ова безредие во кое што живееме, а на коешто за жал бевте сведоци и вие денес“, изјави Мицевски..

Инаку, пријавата беше поднесена од пратениците Дафина Стојаноска, Антонијо Милошоски, Ели Панова, Рашела Мизрахи, Александар Николоски, Дајанчо Ефтимов, Александар Велјановски, Бети Стаменкоска Трајкоска, Зоран Коцевски, Драган Ковачки, Тони Јаревски, Лидија Петкоска, Бојан Стојаноски, Велика Стојкова Серафимовска, Даниела Христова, Иванка Василевска, Благица Ласовска и Љупчо Пренџов откако во јавноста беше објавена снимка на која се слуша Џафери како со висок тон и со пцости се обраќа кон вработени во собраниските служби.

Собранискиот спикер Џафери на последниот брифинг со новинарите рече не чувствува одговорност да се извини на собраниските службеници кон кои се обратил со погрдни зборови. Тој не смета дека го прекршил Етичкиот кодекс и вели дека за ова прашање има процедура која тече во телата на Собранието.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе