Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со транспарент „Кацарска извршител на мафијата“, во Собранието

Со свирежи во салата и транспарент „Кацарска извршител на мафијата", пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска, во рамки на 20. собраниска седница, изразија револт против предлогот Добрила Кацарска да биде избрана за уставен судија.

Ова е уште еден доказ, обвинија опозициските пратеници, дека продолжува мешањето на извршната во судската власт и дека премиерот Зоран Заев продолжува на дрзок и манипулативен начин да ги наградува послушните судии.

„Од „сваровски" стигнавме до „кацарска" судство во кое Кацарска, како прекршувач на Уставот и основните човекови права, се предлага и ќе биде избрана за уставен судија. Остануваме на статусот „кадија те тужи, кадија те суди", односно на времето на „заевизмот" и „заевистичкото" мешање во сите власти. По овој пример можеме да очекуваме Заев да ја именува Лидија Димова за министер за финансии, Катица Јанева за министерка за правда, а Боки 13 за директор за Фондот на иновации“, реагираше Дафина Стојановска пред чиј микрофон беше поставен написот „Стоп за трас – трас уставне судија".

Според неа, во земјава нема ниту правда, ниту мир, има само криминал и сиромаштија.

„Кацарска е судија на која Уставниот суд и поништи одлука и која не ги знае Уставот и законите. Никаде во светот ваков човек не може да биде уставен судија, но кај нас овој преседан ќе стане реалност“, подвлече Стојановска.

На тоа реплицираше Снежана Калевска Ванчева, а кога излезе на говорницата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ повторно почнаа да свират.

„Зборувавте се, но не и за она што значи вистинска независност на судството. Очигледно не можете да оттгрнете од политичката пресметка со претседателот на Владата, Зоран Заев. Со кое право вие зборувате за независност на судството, а го кршите амандманот 29 од Уставот на кој се повикувате. Прочитајте што пишува: Судскиот совет предлага двајца судии на Уставнот суд од редот на судиите и единствено тој може да ги предложи. Независноста на судството подразбира немашање во надлежноста на Судскиот совет. Кацарска суди ефиаксно и ефективно со концентрација на докази“, потенцира Калевска Ванчева.

Возврати Бојан Стојановски порачувајќи дека со изборот на Кацарска за уставен судија, ќе се исполитизира работата на Уставниот суд.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери свирењето на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го нарече инвентивно и го квалификува како напредок од „времето на тенџерињата".

„Ова е демократија. Дајте ми барем и мене свирче. Се надевам дека Европската комиисја ова ќе го нотира во следниот Извештај како слобода на изразување“, истакна Џафери.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на почетокот од расправата апелираше предлагачот да се јави за збор и да образложи зошто Кацарска е изборот на уставен судија. Мицевски токму поради тоа што никој не беше пријавен за збор да го објасни ваквиот предлог, претходно побара пауза од половина час за да се запознаат, тој и неговите колеги, со, како што рече, биографијата на Кацарска.

„Мислевме дека предлагачот ќе не удостои, дека ќе го образложи предлгоот по нашата забелешка дека нема доволно материјал за точката за избор на уставен судија. Во Уставот стои дека Судскиот совет, покрај избор и разрешувања на судии и други надлежности, ја следи и оценува работата на судиите. Па барем да одговореше како Кацарска е предлог за уставен судија, по кој критериум и како дојде до тој судија покрај толку судии во државата, но на тоа нема одговор. Ова е игнорантски однос од ваша страна кон Собранието кое е единствен орган пред кој одговарате за вашата работа и задолжително поденсувате годишен извештај. Затоа, уште еднаш апелирам да излезете на горовница и да го образложите предлогот, прво за граѓаните, а потоа и за нас пратениците и со тоа да докажете дека им служите на Уставот, правдата и граѓаните“, рече Мицевски и додаде дека очигледно, залудни се обидите.

Џафери го потсети Мицевски дека побарал пауза за да ги проучи сите податоци за Кацарска.

„Се надевам дека соодветно го искористивте времето. Со оглед на надлежностите на Судскиот совет имаме соодветен предлог за избор на еден уставен судија од двајцата што ги предлага Судскиот совет. Беспредметно е да расправаме за тоа право во однос на идните реформи и измени во Деловникот. Алтернативното решение можеме да го претвориме во обврзувачко, предлагачот да мора да даде образложение, да не оставаме алтернатива дали ќе сака или не“, напомена Џафери.

Во претходниот дел од продолжението на 20. седница пратениците го изгласаа Предлогот со кој на Панче Орцев му престанува функцијата член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија пред истекот на мандатот, поради исполнување на условите за старосна пензија.

На почетокот на седницата, пак, Сурија Рушити од Алијанса на Абанците исто така имаше процедурална забелешка околу тоа што Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците не закажува седница за измените на Изборниот законик. Тој тоа го протоколкува како опструкција, Алијанса и Алтернатива да немаат членови за претстојните локални избори на што претседателката на Комисијата Соња Мираковска рече дека во текот на денов ќе закаже седница по што ќе се создадат услови во наредните денови на дневен ред да дојде и оваа точка.

Спикерот Џафери соопшти дека Собранието ќе работи само по оние точки за кои се создадени деловнички услови. 

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе