Пратениците едногласно го изгласаа Законот за специјален обвинител

Предлог-Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, пред малку беше донесен во Собранието, а  глас „за“ дадоа 111 пратеници. Во моментот законот е на разгледување во Комисијата за политички систем, каде пратениците имаат можност за предложување амандмани. 

Предлог-законот претходно на дневен ред беше ставен по предлог на Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Сугаревски од СДСМ,  Талат Џафери од ДУИ и Имер Алиу од ДПА, а беше оформен по маратонската средба меѓу четирите најголеми партии што заврши рано утрово во Клубот на пратеници.

Со законот се уредуваат надлежностите и функционирањето на специјалниот јавен обвинител. Откако ќе помине процедурата за официјален избор, на позиција на специјален обвинител ќе застане Катица Јанева, обвинителка од Гевгелија, која во наредниот период со свој тим од обвинители, стручни соработници, експерти, советници, истражители и административен персонал ќе работи на „Пуч“ и „Прислушување“.

Најголемите партии беа задоволни од постигнатиот договор. Петре Шилегов од СДСМ оцени дека овој закон не значи крај, не е ниту почеток на крајот, туку дел од реализацијата на договоро од Пржино, кој, како што рече, треба да резултира со нова влада, оставка на премиерот Никола Груевски и создавање услови за фер и демократски избори.

„Ова е почеток на борбата за демократизација на Македонија. Допрва ќе се соочуваме со предизвици во однос за изборното законодавство, со медиумите.... Овој закон е повеќе од она што многумина можеа да очекуваат. Со него не раководи поединец, ниту определен број заменици-обвинители, туку посебен орган наречен јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани со незаконското следење на комуникациите. Независноста е загарантирана. Затоа, ги повикувам сите професионални да се охрабрат  и да се активираат “, рече Шилегов, а истовремено ја охрабри новата обвинителка катица Јанева успешно да ја заврши својата мисија за, како што рече, расчистување со криминалот на актуелната власт. 

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, пак, рече дека овој закон ќе бидат ставени во правна рамка повеќемесечните лаги, шпекулации и манупулации. Димовски на седницата потенцираше, а потоа истото го повтори и на комисиската распава дека „време е маглата да се тргне, да завршат сите шпекулации и лаги и да ја погледнеме вистината низ формално правна рамка“.

„Овој закон дава добра можност да се расчисти политичката пропаганда и да овозможиме да се дознае вистината. Периодов наидовме на многу провокации, но не подлегнавме. Законот треба да донесе правна разрешница. Овој закон значи враќање кон приоритетите на граѓаните“, изјави Димовски, сметајќи дека законот значи и чекот поблизу до нови вонредни парламентарни избори, за кои, како што рече, СДСМ повторно „ќе доживее пораз“.

Пратеникот Беким Фазлиу од ДПА го оцени овој закон како добар почеток и позитивен пример, сличен позитивен став имаше Талат Џафери од ДУИ, а единствено го оспорија независничките пратенички Роза Топузовска Каревска и Солза Грчева, кои сметаат дека е противуставен и нецелосно напишан, и истовремено не гарантира излез од политичката криза.  

Единствен амандман на предложеното законско решение предложи пратеникот Павле Трајанов. Првиот човек на Демократски сојуз побара во законот да бидат внесени казнени одредби - до три години затвор за секој кој нема да одговори на барањето на јавниот обвинител, ќе прикрие или даде лажна информација, додека затвор до пет години ако по негово барање не постапи службено лице. Неговиот амандмански предлог не беше прифатен. Доби образложение дека во делот на казнените одредби ќе важат правилата предвидени со постојната регулатива за јавно обвинителство и за кривична постапка. 

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе