22 пленарна седница на Собранието

Пратениците денеска ќе расправаат за можноста од нивно онлајн присуство на седниците

Собранието денеска треба да ја започне 22. седница на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои и дополнетиот предлог на Деловник за работа на Парламентот, по скратена постапка и Предлогот на закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, во прво читање.

 

И покрај различните ставови на владејачкото мнозинство и опозицијата, предлог дополнувањето на Деловникот за работа на Собранието, по скратена постапка, се најде на дневен ред на денешната седница. По неколку недели, според информациите од Собранието, се очекува мнозинството да има доволен број пратеници, 61 за негово носење, бидејќи неколкумината позитивни од ковид-19 или во самоизолација неделава се вратиле на работа.

На дневен ред се ставени и Предлог на одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „ЕUТМ RCA“ во Централна Африканска Република, како и предлог одлуките за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието и за основање на пратенички групи за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратенички групи за соработка на парламенти на други држави, Предлогот на закон за ратификација на Дополнителниот Протокол 6 за трговија со услуги кон Договорот за изменување и пристапување на Централноевропскиот договор за слободна трговија, како и неколку закони во второ читање.

По скратена постапка се предложени измените на Законот за финансирање на политичките партии, дополнување на Законот за даночна постапка, по скратена постапка, измени и дополнувања на Законот за данок на добивка, измени и дополнувања на Законот за данокот на личен доход, како и Предлог на закон за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметниции други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, измени и дополнувања на Законот за социјалната заштита, Предлог на закон за дополнување на Законот за заштита на децата, Предлог на закон за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од Ковид 19 врз производството, откупот на грозје и винската индустрија.

На предложениот дневен ред се ставени Предлог на закон за остварување на јавниот интерес во културата, во прво читање, како и Предлог на одлука за давање согласност на Одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2020 година и Предлог на одлука за распишување оглас за избор на народен правобранител, поднесен од Јован Митрески и Арбер Адеми. 

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе