Софија

Прашањето за ветото на Македонија прави проблеми во владината коалиција во Бугарија

Бугарската партија Има таков народ (ИТН) на Слави Трифонов, која е дел од владината коалиција, го засилува притисокот врз премиерот Кирил Петков да не го укинува ветото на Бугарија за почеток на преговорите на Македонија за членството во ЕУ. Тие се закануваат со напуштање на коалицијата.

Одлуката за почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ најверојатно ќе се одложи за шест месеци. Прашањето за укинувањето на ветото на Бугарија за почеток на преговорите меѓу Македонија и ЕУ е уште еден сериозен шок во владејачката коалиција, пишува бугарски Капитал.

Тошко Јорданов, претседателот на пратеничката група на ИТН најави дека партијата уште наредната недела ќе ја напушти владејачката коалиција, не чекајќи го премиерот Кирил Петков да преземе чекори за укинување на ветото. Петков го повика претседателот на Бугарија Румен Радев да го свика Советодавниот совет за национална безбедност на кој ќе се разговара за состојбата на преговорите меѓу Бугарија и Македонија, а следната недела за тоа ќе се разговара и меѓу четворицата лидери на владината коалиција.

За посетата на Софија на американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид, весникот пишува дека се работи за обид на САД да му помогнат на Скопје како дел од напорите за намалување на руското влијание на Балканот.
И еврокомесарот Вархеји изјави дека пак ќе дојде во Софија за да се обиде да ја смени позицијата на Бугарија против почетокот на разговорите за членство на Македонија во ЕУ.
Од партијата на Слави Трифунов велат дека се уверени дека премиерот Петков ќе најави укинување на ветото за Македонија, иако бугарскиот премиер неколку пати изјави дека нема да преземе никакви чекори без одлука на Народното собрание.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе