Ве молиме, останете присебни, немојте да напаѓате - молат организаторите на протестот за Монструм, откако дел од толпата го нападна големиот полициски кордон кој го запре нивното движење кон Кривичен суд, каде беше планирано да се одржи дел од протестот, кој треба да заврши пред Владата. Полицијата само се одбрани од ударите, дел беа со нозе, а обезбедувањето на протестниот марш има големи проблеми да ја сопре гневната маса.
Забележливо е дека бројот на учесниците во протестот се зголемува.
Според бројот на специјалната полиција, може да се заклучи дека наредбата е дадена да не се дозволи протест пред Кривичниот суд, како и пред Владата, каде е планирано да финишира протестниот марш.
Meѓу нив е и поранешнииот пратеник и припадник на ОНА Хисни Шакири.
Ситуацијата е тензична, додека едни од учесниците во протестот се повлекуваат, други се обидуваат да ја нападнат полицијата, а трети кршат предмети по патот кон Чаир. Се чини дека има и повредени.