Институт за демократија и Евротинк

Потребен е мал, високопрофесионален и натпартиски тим за преговори со ЕУ

Институтот за демократија и Центарот за европски стратегии Евротинк преку соопштение до медиумите порачуваат дека е дојдено вистинско време вицепремиерот за европски прашања заедно со Секретаријатот за европски прашања да преземат одлучни чекори кон ревидирање на преговарачката структура и комплетирање на преговарачкиот тим и работните групи за подготовка на преговарачките позиции, со цел да ја подготват државата за предизвиците кои стојат на патот кон членството во Европската Унија.

Институтот за демократија и Евротинк потсетуваат дека земјава во моментов е во исчекување на дефинирањето на преговарачката рамка од страна на земјите-членки на Европската Унија. Доколку таа биде усвоена во ноември, се очекува првата Меѓувладина конференција да се одржи во декември и со тоа преговорите за членство во ЕУ и официјално да започнат.

„На патот кон полноправно членство, и покрај неизвесноста поради проблематизирањето од страна на Бугарија на македонскиот јазик, краткото име, македонското малцинство како некои историски прашања, државата мора навреме да се подготви за предизвикот за ефикасно и ефективно да ги спроведе пристапните преговори. За да се постигне оваа цел, а и за да се прилагодиме кон барањата од новата Методологија за пристапни преговори на ЕУ, потребно е да се ревидира постојната преговарачка структура, која минатата година беше утврдена со седум одлуки на Владата, објавени во Службениот весник на Северна Македонија на 1 август, 2019 година“, наведуваат двата институти.

Според нив, ова е неопходно, пред сѐ поради усогласување со новата политичка логика на Методологијата за зајакнат процес на пристапни преговори, а во насока на изјавата на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, дека „преговарачката структура мора да биде јасно дефинирана со јасен мандат, без потенцијал за политичко двоумење и преклопување на надлежности“.

Оттука, смеаат тие, потребно е сплотување на надлежностите и улогата на главниот политички и главниот технички преговарач, или со други зборови, Институтот за демократија и Евротинк веруваат дека највисоката преговарачка функција треба да биде олицетворена во една личност и концентрирана во една институција, а тоа според сегашните законски решенија е Секретаријатот за европски прашања кој впрочем токму за тоа е и формиран и постои.

Понатаму, како што стои во објавата, вицепремиерот додава дека „главниот преговарачки тим мора да биде мал и рационален збир на најдобрите со единствен критериум знаење, искуство и кредибилитет“.

„Институтот за демократија и Евротинк го поздравуваат предлогот за мал и високопрофесионален преговарачки тим, притоа истакнувајќи дека истиот треба да биде натпартиски, одржлив и отпорен на промени во власта и партиски влијанија“, велат  оттаму.  

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе