Последно предупредување до директорот на ФИТР Фестим Халили од „Анонимни Македонија“

Граѓаните почнуваат да ве гледаат како обичен криминалец. Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) е уништен, се вели во видео пораката „последното предупредување“ на „Анонимни Македонија“. Тие го обвинија директорот на ФИТР Фестим Халили дека „неуспешно раководи со институцијата“.

„Се чини дека твоето познавање за програмирање, ИТ и стартап е слабо. Ова било очигледно за твоите вработени подолго време, кои со месеци се соочуваат со неподносливи услови под твое водство. ФИТР e уништен, компаниите губат пари, а работоспособни лица ја напуштаат Македонија“, се вели во пораката на  „Анонимни Македонија“ до Халили кој, според нив „ги прекинал сите операции од причина што само тој и ‘Анонимните’ ги знаат“.

„Oва е последно предупредување. Мислиш дека си најпаметната личност во просторијата, но сега запозна некој на твое ниво. Ние сме „Анонимни“, ние сме легија. Очекувај нѐ “, се вели во видео-пораката.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе