Поразот и оставката на Заев е и пораз на ЕУ, коментира германски ФАЦ

Оставката на Зоран Заев е лоша вест за Брисел, анализира германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ). Весникот, како што пренесува Дојче веле на македонски, прогнозира дека Никола Димитров е кандидат за технички премиер на новата влада.

Пишувајќи за успесите на Заев, весникот коментира дека „неговата храброст не беше наградена, или во најмала рака само со утешната награда за членство во НАТО. Додека неговата главна политичка цел, почетокот на преговорите со ЕУ, Заев ја пропушти, но не по негова вина.

„Случајот на Заев е школски пример за регионот. Веројатно премиерот на Северна Македонија во заминување ќе биде последниот премиер во регионот кој беше подготвен, за таканаречената европска перспектива на неговата земја, да презема огромни политички ризици врз себе. Затоа, поразот на Заев може да важи и за пораз на ЕУ и на нејзината досегашна политика на проширување на Балканот“, додава ФАЦ.

Според весникот, „доколку се врати на власт националистичката партија ВМРО-ДПМНЕ, тоа ќе значи крај на една политичка епизода на Балканот, која има големо значење и за прашањето за тоа каква улога игра ЕУ во регионот и на кој начин може да ги наметне своите интереси наспроти актери како Русија или Кина“.

Во однос на идниот развој на ситуацијата во земјата, ФАЦ проценува дека се можни три сценарија: актуелното мнозинство да продолжи да владее со нов премиер; да се формира техничка влада која на одреден период би ја предводела земјата. За втората варијанта, весникот пишува дека кандидат за премиер е поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров. Третата варијанта се предвремени избори, кои според ФАЦ, го турка лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Во која насока ќе се развива Северна Македонија предводена од Мицкоски, не е јасно. Формално, ВМРО не ја отфрла целта за членство во ЕУ. Но, во годините на владеењето на Груевски земјата систематски се оддалечуваше од ЕУ. ВМРО не ја признава ниту промената на името, а нејзините политичари и натаму земјата ја нарекуваат Македонија. Тоа може одново да предизвика проблеми во односите со Грција“, додава ФАЦ.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе