РЕАКЦИЈА

Попоски: Изјавата на Бушати за „славомакедонци“ е одраз на почит и на воспитување

Не е добро политичари од регионот да влечат чекори за потребите на претстојни избори, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски, по изјавата на неговиот албански колега Дитмир Бушати, кој во коментарите за случувањата во Македонија, ги нарече Македонците „славомакедонци“.

„Целта е да создадат слика дека раководат со сите политички партии со етнички предзнак во регионот. Разбирливо е дека тоа се прави и за внатрешна употреба и за сопствениот рејтинг дома. Сепак, овие практики се надвор од нормална меѓусоседска соработка. Најдобро е пред секој обид за демонстрирање глобално лидерство, секој добро да погледне во сопствениот двор. Така, политичарите и во тие земји ќе се фокусираат на подобрување на домашните слабости“, рече Попоски.

Според него, проблемите со правниот систем, борбата со криминалот и со корупцијата, основните човекови права и слободи се дел од оние што се идентификувани од Европската комисија кај нашиот сосед, а и на други места.

„Објективно, сите ние имаме повеќе од доволно домашни проблеми за да се занимаваме со туѓите. Секако, претходниве точки треба да се приоритет пред еден политичар да се впушти и во идејни толкувања на Уставот на соседна земја. Не верувам дека ова е приоритет за даночните обврзници во неговата земја, особено при толку нерешени прашања дома“, рече Попоски.

Коментирајќи ја употребата на терминот „славомакедонци“, македонскиот министер вели дека тоа е одраз на воспитувањето на Бушати.

„Кој како именува некого е, веројатно, и одраз на почит и на воспитување. Ние сме Македонци и ништо повеќе, ниту ништо помалку. Ниту еден демократ не би имал потреба групно или племенски да етикетира. Денес, во Европа е потребен речник и култура за 2017 година, а не за 1913 година“, рече Попоски.

Претходно и македонскoто друштво „Илинден" со седиште во Tирана и неговиот огранок за Голо Брдо, во име на Македонците во Албанија, упати остра реакција на адреса на шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати, за употребата на терминот славомакедонци.

„Во име на сите Македонци остро го осудуваме делот од изјавата на министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, кој Македонците ги нарекува славомакедонци. Ова е несоодветно, недговорно и навредливо. Бараме од министерт Бушати во иднина да не прави дефиниции без право и без основа. Ние мора да работиме да се градат искрени и пријателски односи меѓу Албанија и Македонија“, стои во реакцијата на „Илинден“.

Изразено ниската вредност на вложување во науката и истражувањата во Македонија е јасен знак за отсуство на грижа на државата за овие суштински дејности. 

повеќе

Последните 11 години Македонија е окована во аграрен, ксенофобичен и социо-економски популизам, кој не се однесува на интересите и потребите на граѓаните, туку на оние кои се повинуваат на волјата на елитата.

повеќе

Политичарите изразуваат „загриженост“ за аерозагадувањето на начин што нѐ оддалечува од наоѓањето решенија, наместо да не доближува.

повеќе