Истражување

Пописните резултати за етничката припадност се веродостојни за помалку од една третина од граѓаните

Помалку од една третина од граѓаните веруваат во веродостојноста на пописните резултати во делот на етничката припадност, a нешто помал е процентот на оние кои веруваат во официјалните бројки за религиската определба, покажуваат резултатите од испитувањето на јавното мислење „Попис 2021: Приказ на мултиетничкиот и мулти-религискиот карактер на општеството“, што го спроведоа Институтот за политички истражувања-Скопје (ИПИС) и интернет порталот религија.мк, заедно со Фондацијата Конрад Аденауер – КАС.

Сомнежите за веродостојноста на пописните резултати, граѓаните ја темелат на политичките интереси, лошиот закон, коронавирусот, како и бојкотот за кој генерално сметаат дека бил контрапродуктивен. Верските заедници, пак, според истражувањето, воопшто не влијаеле во изјаснувањето на граѓаните за својата верска определба.

На прашањето „Дали попишувачите најпрво ве прашаа дали припаѓате на некоја религија или само на која религија припаѓате?“, најмногу 35% од испитаниците одговориле дека „не се сеќаваат“, 26,9% одговориле „директно на која религија припаѓаат“, а 26,5% прво биле прашани „дали припаѓаат на некоја религија“.

На следното прашање: „Дали ве прашаа генерално на која религија припаѓате од типот христијанска, муслиманска и слично, или ве прашаа и попрецизно (на која деноминација сте), на пример доколку сте христијанин дали сте православен, католик и сл. или доколку сте муслиман дали сте сунит, шиит и сл.?“, 27,6% одговориле дека прашањето било генерално, додека пак 19,6 % рекле дека од попишувачите биле попрецизно прашани. „Не се сеќаваат“ високи 39%.

Дури 83 % од испитаниците во истражувањето одговориле дека немале никаква препорака од својата верска заедница како да се изјаснат на пописот, а 45,3% испитаници сметаат дека била потребна поголема информираност за начинот на изјаснување на верската определба при пописот.

Одлуката да се попишат или да не се попишат, најголемиот дел од граѓаните ја донеле сами, без сугестии од надворешни фактори. За поголем процент граѓани, особено кај оние со православна деноминација, резултатите од пописот се контроверзни и тие не ја отсликуваат реалната состојба во однос на етничката припадност во државата, а генерално главната причина поради која испитаниците кои немаат доверба во пописните резултати е дека тие сметаат дека пописот бил наместен, додека како втора причина го посочиле бојкотот на пописот кај дел од населението.

Голем дел односно 65% од испитаниците сметаат дека на пописот треба да има графа за етничка припадност, а нешто помалу 58% дека треба да има графа за верска или религиска определба.

Вкупно 56,6% од анкетираните сметаат дека кампањата за бојкот на пописот била контрапродуктивна.

Истражувањето е подготвено, пред и за време на објавувањето на резултатите, а спроведено во првата половина од април 2022, веднаш по презентацијата на резултатите од пописот од страна на Државниот завод за статистика (ДЗС) на 30 Март 2022. Во истражувањето биле вклучени 1.114 испитаници со задржување на генералниот сооднос во поглед на базичните демографски карактеристики како пол, возраст, професија и образование.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе