Тројна коалиција?

Понудата на Села за Касами е нејасна, Алтернатива не сака со Беса

Првите реакции од Беса и Алтернатива ултиматумот на Алијансата за Албанците од пред два дена за рок од 48 часа за договор за заеднички настап на изборите се позитивни со многу резерви. Последната понуда за тројна коалиција за победа над ДУИ меѓу албанското гласачко тело во Македонија, за Касами и Гаши е нејасна и несериозна.

Од движењето Беса потсетуваат дека тие се за тројна коалиција уште од пред еден месец, ама сѐ уште нема никаква конкретна понуда за ова. Генералниот секретар на движење Беса, Арјанит Хоџа, за ТВ21 вели дека сѐ уште не добиле одговор зошто не се организира тројна средба за да зборуваат за деталите на коалицијата, туку сѐ се прави со понуди преку медиумите.

„На последната средба со Алијанса за Албанците покажавме подготвеност и баравме да бидат присутни и претставници од Алтернатива. Зошто немаше средба не знам, а уште помалку знаеме на кого се однесува ултиматумот од 48 часа“, рече Хоџа.

Скендер Реџепи, генералниот секретар на Алтернатива тврди дека е доволна коалицијата меѓу Алијанса за Албанците и Алтернатива, за да излезат како победници на изборите на 12 април.

„Ние ќе го направиме тоа што го правиме повеќе од еден месец. Ќе продолжиме да ја храниме можноста за соработка со која ќе победиме на следните избори. Истото ќе го направиме не само 48 часа, туку и следната недела, ќе го направиме и во текот на кампањата и сметаме дека само усогласувањето на изборните програми на двата субјекта, кои и од реален аспект се повеќе поврзани со народните структури, сметаме дека многу поважно е нашето вклучување во рамките на програмата, изборните преговори, отколку да мислиме на тоа што ќе се случи за 48 часа“, рече Реџепи за ТВ21.

Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села по состанокот на раководството на партијата, рече дека ќе излезе со конкретни понуди и за лидерот на Беса и за тој на Алтернатива.

„Со конкретна понуда за сѐ, не е доволно да се каже дека сме или не сме за тројна коалиција, бидејќи може да дојде до недоразбирање за еден збор и во врска со тоа со оваа понуда ќе ве информираме и верувам дека за 48 часа ќе бидете информирани и ќе чекаме конечен одговор“, вели Села.

Синоќа на Топ тема градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, член на АА, изјави дека неопходна е коалиција со Беса и Алтернатива против ДУИ. Анкетите на кои се повика Таравари покажале дека за да ја победат моментно најголемата албанска партија, ДУИ на Али Ахмети ќе им треба тројна коалиција.

Неофицијално се дознава дека тројната коалиција, освен спротивставувањата на Алтернатива, сега заглави и во понудата на АА за носителите на листи во изборните единици. На онлајн медиумите кружат непотврдени фотографии каде се гледа дека Беса не е носител на листата на ниту една изборна единица. Меѓутоа, во врска со тоа генералниот секретар на Беса рече дека тоа за нив претставува најмал проблем кој може да се реши на два начина: поделба според целосното партнерство меѓу трите политички партии и второ, поделба врз основа на анкетите кои би ги спровела прифатлива агенција од страна на трите субјекти.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе