Софија

Политикологот Дајнов: А што ако Турција поставеше услови за Бугарија во 1997 година...

Бугарскиот политиколог и професор Евгениј Дајнов напишал интересен коментар за тоа како би изгледала Бугарија во алтернативен универзум, од политичка гледна точка.

Евгениј Дајнов  

„Замислете алтернативен универзум:

Годината е 1997 година. Партијата ГЕРТ (Граѓани за европски развој на Турција) е на власт во Турција. Соседна Бугарија аплицира за членство во НАТО и ГЕРТ вели:

Не за Бугарите! Нема НАТО за нив сè додека: 1. Тие не признаат дека нивната историја до 1878 година е османлиска историја. 2. Тие не престанат да зборуваат за турското ропство и турските злосторства. Затоа нема место во НАТО!

Јас не навестувам ништо. Само си замислувам еден алтернативен универзум, во кој во 1997 година Турците би спровеле политика, која што ја прават Бугарите во 2020 година …“, напишал професорот.

 

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе