Скопје-Софија

Политички преговори со Бугарија по изборите во април, најави Заев

Премиерот Зоран Заев најави дека за деталите од разговорите меѓу работните групи и  министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, за нон-пејперот, нашето последно размислување кон соседната земја, но и нивната реакција која следеше како одговор на нашиот Акциски план веројатно ќе бидат информирани пратениците во собраниската Комисија за надворешна политика.

Во координација со претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика ќе се договори точен термин за одржување на седницата на која пратениците од таа Комисија ќе бидат информирани за тековните случувања со Бугарија, при што ќе се земе предвид тие да немаат други работни обврски во Парламентот.

„Процесот на официјални преговори заврши, јас верувам дека следува процес на реализација на Акцискиот план, а веднаш по изборите во Бугарија да влеземе во разговорите и преговорите на политички основи, затоа што секогаш пред избори навистина е нерационално и невнимателно да се преговара за политички теми. Но можеме да работиме на Акциониот план, инфраструктурата, спортот, образованието, информатичкото општество, туризмот и други обрвски, кои се на двете страни со цел да го јакнеме пријателтвото меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија“, рече Заев.

Претходно и претседателот Стево Пендаровски кажа дека најверојатно оваа недела нашиот Акциски план и бугарскиот одговор на него ќе се најдат пред собраниската комисија за европски прашања или за надворешна политика. Според Пендаровски, Акцискиот план, кој ние ѝ го понудивме на Бугарија и на кој тие сега одговараат, нема апсолутно никаков момент од идентитетски белези – јазикот и нација, туку само предлагаме сет мерки што би требало да ја „олабават“ атмосферата во наредниве месеци.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе